ШЕСТ НОВИ ДЕТСКИ ИГРАЛНИ ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на програмата за активности на локалната самоуправа во областа на социјалната заштита и родовата еднаквост за 2012 година преку проектот ,, Опремување и функционирање на игрални за деца од предучилишна возраст во руралните средини,, со средства обезбедени од општина Неготино во употреба беа предадени 6 детски игрални. Истите се распоредени во населените места Тимјаник, Пепелиште, Криволак, Тремник, Црвени Брегови и Долни Дисан и во секое од нив во игралните ќе бидат опфатени од 15 до 20 деца при што предност имаат децата кои од септември поаѓаат во деветолетка, а со цел за нивно полесно прилагодување и адаптирање во понатамошното образование. Адаптацијата и опремувањето на детските игрални траеше 3 месеци при што за адаптација и реконструкција, набавка на опрема и дидактички материјали и набавка на техника за потребите на игралните од Буџетот на општина Неготино беа издвоени над 600.000 денари. Селектирани се и 6 воспитувачи кои се одговорни за грижата, престојот и воспитувањето на децата, а од локалната самоуправа се надеваат дека проектот ќе продолжи и во следната година.