ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ОД ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО ЗАДОВОЛНИ ОД РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ОПШТИНАТА PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на истражувањата за задоволството на граѓаните од општинските услуги направени во Единицата на локална самоуправа Неготино, а спроведени  од страна на Фондацијата Отворено општество Македонија во соработка со Центарот за развој на локална демократија, изготвен е извештај насловен како ,, Гласот на граѓаните ,, во кој е дадена споредбена и квантитативна анализа врз основа на добиените резултати од истражувањата. Овој извештај е резултат на теренското испитување со цел да се измери задоволството на граѓаните од услугите што ги добиваат од локалните власти, а со надеж дека истиот ќе даде свој придонес за понатамошен развој на децентрализацијата и создавање на регулаторна рамка во насока на јакнење на административните, техничките и финансиските капацитети на општина Неготино, со единствена цел за подобрување на квалитетот на услугите кои локалната самоуправа им ги испорачува на граѓаните. Генералната оцена за тоа колку се задоволни граѓаните од услугите за кои што се надлежни градоначалникот и локалната самоуправа се дадени во табелата подолу.

 

 Податоците од табелата, според Фондацијата Отворено општество Македонија укажуваат дека драстично е зголемен бројот на граѓаните кои имаа одреден став во однос на работата на општината. Така, во 2010 година бројот на индиферентните во однос на услугите од општината ( ниту задоволен, ниту незадоволен ) изнесувал околу 50%, додека во 2011 овој процент е намален на 29%. За сметка на тоа, бројот на граѓани кои се ,, многу задоволни ,, се зголемил од 1,25% ( 2010 ) на 11,25% (2011 ), но исто така има зголемување и во процентот на граѓаните кои се задоволни од работата на општината, т.е. од 27% ( 2010 ) на 41% ( 2011 ). Бројот на граѓани кои се незадоволни останал приближно ист и во двете години, додека има намалување на процентот на граѓани кои се ,, многу незадоволни ,, од 6% ( 2010 ) на само 1% ( 2011 ).