ПРЕДАДЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА САЛА ВО ООУ ,, СТРАШО ПИНЏУР ,, PDF Print
There are no translations available.

  Претседателот на Владата на РМ Никола Груевски, министерот за образование и наука Панче Кралев и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков на пригодна свеченост во употреба на ја предода новата училишна спортска сала во склоп на ООУ ,, Страшо Пинџур ,, која е дел од проектот на Владата за изградба на 180 спортски сали во Македонија, а за нејзината изградба се издвоени 24 милиони денари. ,, Спортот и часот по физичко образование значат здравје и насочување кон други вредности, наместо кон пороците на деншното време. Спортот значи учење од мали нозе да се победува, да се претрпи пораз и подготовка за следниот натпревар, со еден збор спортот ги учи младите да се борат во животот, да учествуваат во колективни игри и да победат ,, - рече Премиерот Груевски пред многубројните граѓани кои присуствуваа на свечениот чин.

Министерот за образование и наука Кралев истакна дека преку имплементацијата на овој проект младите се поттикнуваат да се занимаваат со спорт со што ќе се стимулира не само нивниот правилен раст и развој, туку и подобрена концентрација, натпреварувачки дух и амбициозност. Тој додаде дека новата сала овозможува услови за практикување на сите групни спортови, а создадени се и услови за реализирање на квалитетна настава по физичко воспитување на над 760 ученици од училиштето. Градоначалникот Трајков потенцираше дека е горд што после долги години сите 3 образовни установи во Неготино- средното и двете основни училишта располагаат со сопствени спортски сали - најсовремени, модерно опремени и функционални во секој поглед.