КРПЕЊЕ НА УДАРНИ ДУПКИ НА УЛИЦИ ВО НЕГОТИНО PDF Печати

   Врз основа на утврдената фактичка состојба на терен од страна на стручните служби во општината и по реакциите на граѓаните, локална самоуправа Неготино во координација и соработка со Македонија пат реализираше акција за крпење на ударните дупки на најфреквентните улици во градот. Со таканаречена ,, ладна маса,, се пополнуваа дупките на улиците Маршал Тито и Партизанска, како и на други улици кај кои беа регистрирани оштетувања кои го отежнуваа нормалното одвивање на сообраќајот. Инаку, деновиве заврши тендерската постапка, така што во најскоро време-во текот на март, општина Неготино ќе започне со асфалтирање на неколку улици во градот. Според Програмата за работа, ќе се врши асфалтирање на улиците Владо Арсов Шпанац, Манчо Малиминов, Кирил и Методиј, Питу Гули, како и пристапниот пат до Железничка станица во Неготино.