ОДБЕЛЕЖАН ВЕРСКИОТ ПРАЗНИК ,, СВЕТИ ТРИФУН ,, PDF Print
There are no translations available.

  Со изведување на ритуалот на симболично закројување на виновата лоза и со желби за богат и квалитетн род и вистинско вреднување на трудот на лозарите, во Неготино на пригодна свеченост во рамките на одржувањето на  Неделата на виното  беше одбележан верскиот празник Свети Трифун. Првите лози ги закроија и го означија стартот на работите во лозарството Заменик-претседателот на Владата на РМ и Министер за финансии Зоран Ставрески и Градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков. Вицепремиерот Ставрески ја искористи можноста да ги информира лозаропроизводителите дека на нивните сметки веќе се легнати средствата по основ на субвенции во висина од 3,5 милиони евра, како и тоа дека се создадени услови за деблокирање на сметката на ВВ ,, Повардарие ,, со што деновиве ќе се создадат услови за исплата на околу 300.000 евра за производителите кои овде го предале својот род.


     Инаку, оваа година нивото на организацијата на Свети Трифун беше подигнато на повисоко ниво и во рамките на проектот ,, Креирање на мрежа на Европска винска традиција, култура и експертиза ,, финансиран преку програмата ,, Европа за граѓаните ,,. За таа цел, во нашиот град присуствуваа околу 200 интернационални учесници од општините Минервино ди Лече - Италија, Попово - Бугарија и Чрномељ-Словенија, кои заедно со домашните учесници зедоа активно учество во реализацијата на поголемиот дел од одржаните настани. Инаку, во рамките на Неделата на виното се одржаа бројни други настани и манифестации во знакот на виното и грозјето.