ВЕСЕЛО И РАЗИГРАНО ДОЧЕКАНА НОВАТА 2012 ГОДИНА PDF Печати

  Трета година по ред во организација на локалната самоуправа на градскиот плоштад во Неготино беше организиран заеднички дочек на Новата 2012-та година. Невообичаено пријатното време за овој период од годината придонесе голем број сограѓани да се одлучат и најлудата ноќ да ја дочекаат на градскиот плоштад. За одличната атмосфера и доброто расположение на присутните со својот настап се погрижија Младен Ничиќ, Александар Петров, групата Чардак, Антигона бенд, а како главна sвезда на вечерта настапи и го подигна расположението на присутните нашата позната естрадна уметница Блага Петреска-Кондратенко. Присутните на дочекот на Новата година имаа можност да ги користат угостителските услуги кои им беа на располагање, а благодарение на одличната атмосфера што се создаде, за време организираниот дочек за цело време беше весело и разиграно. Исто така, одлична атмосфера имаше и во бројните угостителски објекти во градот во кои и овој пат беше организиран заеднички дочек на Новата 2012-та година. Самата прослава помина беспрекорно и без ниту еден регистриран инцидент.