ПРЕТСТАВНИЦИ НА СРЕДНОШКОЛСКИОТ ЕКО-ОДБОР НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКИОТ ТРАЈКОВ PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков изврши прием и оствари работна средба со дел од претставниците на еко-одборот при Средното општинско училиште ,, Св. Кирил и Методиј ,, предводени од професорката и координатор Марика Ѓорѓиева и директорката Маја Тефова. Посетителите го информираа градоначалникот Трајков за активностите кои се реализираат во рамките на спроведувањето на Програмата ,, Интеграција на еколошката едукација во Македонскиот образовен систем ,, која се спроведува со поддршка од ресорното Министерство за образование и наука. Претставниците на еко-одборот информираа и за придонесот во практикувањето на екологијата низ наставниот процес, влијанието врз еколошката свест на учениците, како и за еко-акциите кои досега се реализирале, но и за оние што ќе се спроведат во иднина.