Неготинската библиотека ги награди членовите со најмногу прочитани книги PDF Print
There are no translations available.

   На пригодна свеченост која се одржа во просториите на библиотеката, беа доделени наградите што традиционално им се врачуваат на лицата кои имаат прочитано најмногу книги во изминатата година. На покана на организаторот, на овој настан можноста да присуствува со задоволство ја искористи градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов  за на најчитателите за 2021 година да им ги додели пригодните дипломи, а воедно на добитниците да им честита на постигнатиот успех. Врз основа на евиденцијата на локалната библиотека „Страшо Пинџур“ од Неготино, награди за најчитатели градоначалникот Стојанов им додели на Ката Апостолова, Пепица Ѓорѓиева, Емилија Трајкова, Елена Јорданова и Невенка Андова.