Отворена „Винска архива“ за изложување и промовирање на неготинските вина PDF Печати

   „Винската архива“ е сместена во просториите на „Желковата куќа“ . Станува збор за дел од проектот „Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината“ финансиран од ЕУ и администриран од Светска банка во рамки на проектот за локална и регионална конкурентност чија цел е да се зголеми привлечноста на нашата општина како туристичка дестинација, да дојде до раст на економската активност, да се зголеми растот и развојот на туристичкиот сектор преку сет на активности во една комплетна туристичка понуда која би одговорила на предизвиците на туризмот. Преку набавка, уредување и опремување на подрумскиот дел, денеска во функција ја ставивме „Винската архива“-простор каде што сите винарии добиваат можност да ги изложуваат и промовираат своите производи, да се врши дегустација на вината, како и можност за самоодржливост на објектот и отворање нови работни места. Искрено се надевам дека ќе успееме во популаризацијата на „Винската архива“, нејзина посета од домашни и странски гости и афирмација на квалитетните неготински вина.