Ставен во функција модерниот „Апи центар“ во с.Вешје PDF Print
There are no translations available.

   „Апи центарот“ се наоѓа во реконструираната и адаптирана стара училишна зграда во Вешје, инфраструктурно и содржински надградена преку проектот „Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината“ со опремување на 2 простории за едукација со мебел и опрема, административен дел и партерно уредени патеки на постојниот пчелен парк. Со цел модерниот „Апи центар“ да биде функционален, општина Неготино го додели на користење на пчеларското Здружение „Неготински мед“ со што овозможуваме заедничка поддршка и помош во правец на унапредување и развој на пчеларството и туризмот, како и винскиот и апи туризам во нашата општина. Очекувањата се преку иновативен пристап кој ќе води кон одржлив туризам, да се организираат едукативни семинари, поврзување со винскиот сектор, креирање туристичка понуда и тури, како и преку промотивни настани да биде раскажана приказната за Неготино и регионот која ќе биде доволно привлечна за пораст на бројот на туристите и задржување на посетителите на подолго време на оваа дестинација.