Преку стимулација на инвестиции во општина Неготино до отворање нови работни места PDF Печати
   Економски развиена општина Неготино со нови стопански и индустриски капацитети во кои ќе се отвораат нови работни места - е основната цел на проектот „Стимулација за инвеститори“ предложен од моја страна како градоначалник на општина Неготино за што е изготвен и посебен Правилник за утврдување на криетериумите за стимулација за инвестиции во неготинска општина. По Правилникот беше организирана и се одржа јавна расправа на која учество зедоа изготвувачите на истиот, советници во Советот, стопанственици и заинтересирани граѓани кои имаа можност директно преку презентација на критериумите да се запознаат со содржините на Правилникот, за кои во наредните 3 денови можат да се достават забелешки. Целта е врз основа на утврдување поволности за новоотворени стопански и индустриски капацитети да се поттикнат нови инвестиции. Поволностите се утврдуваат во делот на локалните такси и даноци и во делот на надоместокот за уредување на градежното земјиште. Критериумите и поволностите се во согласност со законските прописи од соодветната област.