Ќе се одржи 17-тата традиционална изложба на резба од ЗЗН„Стари занаети“ од Неготино PDF Печати

   Во понеделник на 14.02.2022 година во организација на градоначалникот и Советот на општината, ОУ Музеј на град Неготино и здржението „Стари занаети“, а во рамките на одржувањето на „Неделата на виното-Св.Трифун“ во изложбениот салон на неготинскиот музеј ќе се одржи традиционалната 17-та по ред изложба на резба од ЗЗН „Стари занаети“ од нашиот град. На изложбата со свои дела ќе се претстават копаничарите од здружението „Стари занаети“, а изложбата е од отворен карактер и можат да ја посетат сите заинтересира со строго почитување на протоколите за заштита од Ковид 19.