Свети Трифун во Неготино ќе се одбележи со редуцирани, но квалитетни содржини PDF Печати
  Традиционалната манифестација „Недела на виното-Свети Трифун 2022г“ во општина Неготино годинава ќе се одржи со редуцирани, но квалитетни содржини, во чиј склоп е предвидено одржување на повеќе настани на разни локации. Во услови на пандемија од Ковид 19 и поради лошата епидемиолошка состоја во нашата општина, ќе се спроведат програмски активности при чија реализација најдобро можат да се применуваат мерките и препораките за заштита и спречување на вирусот со обезбедена безбеност на учесниците и посетителите.