Оддадовме почит по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев PDF Печати
   Заедно со делегација од општина Неготино, како и пратеникот Златко Пенков  и други присутни на настанот, денеска во кругот на ООУ Гоце Делчев во нашиот град положивме свежо цвеќе и се поклонивме пред споменикот на патронот на училиштето. Ова во рамките на настаните за одбележување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев-великанот на македонското национално револуционерно дело и таткото на македонската национална самосвест и патриотизам. Делчев кој е роден на 4 февруари 1872 година е визионерот и организаторот на македонското револуционерно ослободително движење од крајот на 19 и почетокот на 20 век како раководител на Македонската револуционерна организација.