Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасност„Приказна низ прошетка“- едукативен проект на неготинската библиотека |
![]() |
![]() |
Локалната библиотека „ Страшо Пинџур“ Неготино започна со реализација на проектот „Приказна низ прошетка“- прв од ваков вид во нашата држава. Проектот кој се реализира со поддршка на Општина Неготино вклучува трајно инсталирани десет табли во паркот на ул.„Маршал Тито“ спроти Музеј на град Неготино на кои има поставено содржини адаптирани за деца. Содржината креирана од библиотеката ќе се менува еднаш месечно. Првата поставка е приказна од енциклопедиски карактер и го опфаќа живиот свет на Арктикот. ![]()
|