Прием за Стефани Николова-Балканска вицешампионка во борење PDF Печати

   На мое огромно задоволство, денеска во кабинетот ја примив нашата сограѓанка Стефани Николова која на последното Балканско првенство во борење во слободен стил у-15 во категоријата до 66 кг стана вицешампионка и се закити со сребрен медал како членка на боречката репрезентација на Македонија. На Стефани, која беше придружувана од тренерот Јане Мелов и членови на Боречкиот клуб Неготино, и честитав на огромниот успех на ова престижно натпреварување на кое учествуваа борачи од сите балкански држави, а кое се одржа во Ксанти-Грција. Воедно, и посакав и во иднина да постигнува врвни резултати кои ќе придонесат за нејзина лична, но и афирмација на општина Неготино, а борењето како еден од најуспешните спортови во градот, како и другите спортисти и спортски клубови кои остваруваат резултати за почит, секогаш ќе ја имаат мојата поддршка како градоначалник и на општина Неготино.