Обезбедени се средства за изградба на улица во Курија во должина од 531 метри PDF Печати
   Општина Неготино преку договорот за грант со Министерството за финансии ги обезбеди потребните финансиски средства за комплетна изградба на улица во село Курија во должина од 531 метри. Станува збор за грант во висина од 3.695.970 денари кој е доделен од страна на Меѓународната банка за обнова и развој ( Светска банка) во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП2, а покрај од грантот  при реализацијата на овој проект со сопствени средства од општинскиот Буџет ќе учествува и општина Неготино, како и средства кои се од подзаемот од Министерството за финансии преку Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) од Вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП2.