Пробиен патниот правец Д.Дисан-Г.Дисан-Вешје во должина од 6 километри PDF Print
There are no translations available.

   Во изминатиот период во Дисанијата наврнаа околу 20 до 30 сантиметри снег и дојде до замрзнување на патната мрежа со постоечки ризик за движење на возила, по  што на барање на жителите, општина Неготино реагираше и пристапи кон расчистување на состојбите на терен. Така, во присуство на претставници на стручните служби од локалната самоуправа, фирмата Минт инжинеринг од Скопје која има договор со општината за зимско одржување на патиштата со специјазирана машина спроведе целодневна активност за расчистување на  патниот правец Долни Дисан-Горни Дисан-Вешје во должина од 6 километри со што се овозможи нормално одвивање на сообраќајот на овој пат.