НОВ ПРОЕКТ НА USAID ВО ПОВАРДАРИЕТО PDF Print
There are no translations available.

  УСАИД во Повардарието започна нов проект за мали и микро претпријатија кој ќе го поддржува растот на претприемачите, сопствениците на мали и микро фирми и тоа преку размена на искуства, консултантство о поддржка за извоз и инвестиции. Како што беше потенцирано на неговата промоција во Кавадарци, проектот е уникатна можност за добивање обука и практични знаења, услуги за поддршка на бизниси и финансиски капитал, сето тоа насочено кон стимулирање повисока стапка на раст и создавање нови работни места во секторот за мали и микро претпријатија.

 Се очекува имплементацијата на проектот да придонесе за стимулирање на развојот на претпријатијата, воспоставување нови деловни контакти и партнерства, проширување на регионалните и странските поазари и обезбедување дополнителен капитал за раст и развој.
Овој нов проект ќе го спроведува Центарот за развој на претприемачи и менаџери кој и во изминатите 5 години нудеше програми за обучување на ваков кадар во Македонија.