Посета на службите кои се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните PDF Print
There are no translations available.

   Додека најголемиот дел од граѓаните на општина Неготино во своите домови и во кругот на најблиските ја дочекуваат Новата 2022 година, поради специфичноста на работата и работните задачи дел од нашите сограѓани се наоѓаат на своите работни места и посветено ги извршуваат своите работни задачи и обврски. Тоа беше повод на неколку часови пред доаѓањето на Новата 2022 година да ги посетам службите кои во новогодишната ноќ се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните. Притоа, остварив посета и престојував во Одделението за внатрешни работи-Неготино каде што имав средба со припадниците на полицијата кои вечерва се грижат за безбедноста на граѓаните, а имав средба и со припадниците на Територијалната противпожарна единица од нашиот град. Воедно, престојуваав и остварив средба со дежурните здравствени работници од Итната помош при Здравствениот дом Неготино, како и обезбедувањето во зградата на општината. На сите им ги честитав новогодишните празници со желби за се најдобро во Новата година, од име на општина Неготино им врачив пригодни подароци и им посакав да имаат што е можно помалку работни ангажмани.