Доделени ваучери од 7.000 денари за новороденчиња од општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

По пауза од 4 години, согласно одлуката донесена од страна на општинскиот Совет на мој предлог, започнавме со исплата на еднократна парична помош за родителите од општина Неготино кои имаат новороденчиња. Така, со строго почитување на протоколите за заштита од Ковид-19, денеска во кабинетот ги доделив првите 8 ваучери во вредност од 7.000 денари на родителите кои добиле деца во периодот од стапувањето на одлуката на сила, а за што до надлежните општински служби од нивна страна беше доставена неопходната документација. На сите им ги честитав новороденчињата и им посакав многу здравје и среќа, а им ги честитав и Новогодишните и Божикните празници. Мерката е донесена со цел за зголемување на наталитетот во нашата општина, а ја користам можноста да апелирам до сите родители кои во наредниот период ќе добијат новороденчиња, да ја достават потребната документација и да ја искористат можноста да добијат ваучер од 7.000 денари како еднократна помош.