545 дечиња од неготинската градинка добија новогодишни пакетчиња PDF Печати

 Во пресрет на Новогодишните празници, денеска градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов имаше пријатна можност да ги посети нашите најмлади сограѓани кои престојуваат во трите клона на Детската градинка „Фемо Кулаков“ и тоа Пролет, Мајски цвет и Темјанушка, како и градинките во селата Криволак, Пепелиште и Тремник. Градоначалникот Стојанов посетата ја искористи заедно со директорката на градинката Нада Најдова и со Дедо Мраз на сите 545 дечиња кои престојуваат во градинката да им поделат новогодишни пактечиња посакувајќи им добро здравје и безгрижно детство. Во знак на благодарност, од нивна страна беше изведена кратка претстава за Дедо Мраз при што дечињата ги запеаја познатите новогодишни песнички, а средбата со градоначалник Стојанов ја искористија да ги искажат и нивните искрени детски желби за поубаво Неготино.