Изложба КУМАНОВСКИ ГРАФИЧАРИ 2021 PDF Печати
   Во изложбениот салон на Музеј на град Неготино поставени се 20 најнови графички остварувања на кумановските академски графичари Зоран Јакимовски, Мирослава Цветковиќ, Стефан Јакимовски, Валентина Илијевска, Ханифе Ислами, Александар Стефановски, Милена Арсовска, Симона Јакимовска, Ана Јовановска, Стефан Анчевски, Дејвид Стоилковски. Графиките се од последниот творечки опус на академските графичари, работени во различни техники како линорез, дигитален печат, сито печат, акватинта, сериграфија и комбинирана техника. Настанот е во соработка со Националната Установа Центар за култура "Трајко Прокопиев" од Куманово која продолжува и во наредниот период. За изложбата,на авторите на графиките и за самите графики, свој осврт дадоа директорот на НУ Центар за култура "Трајко Прокопиев" од Куманово, Сашо Тодоровски и ликовниот критичар Роберт Цветковски.