Прием за освојувачите на медал на Балканскиот куп во кик бокс PDF Печати
   Денеска остварив прием за членовите на Кик бокс клубот Гладијатор од Неготино на кој од нивна страна бев запознат со одличните резултати кои тие под водство на тренерот Ѓорѓи Вучков ги постигнаа на Балканскиот куп Балкан бест фајтерс кој се одржа во Ниш на почетокот на овој месец. Бев информиран дека Марија Јанева го освоила првото место и златен медал и е прогласена за најдобар борец на татами на турнирот, Душица Стојанова е освојувачка на бронзен медал, Јадранка Темелкова го освоила 4тото место, а Роберт Костовски се враќа со сребрен медал со напомена дека поради повреда не можел да настапи во борбата за златен медал. На сите членови на Кик бокс клубот Гладијатор и на нивниот тренер им честитав за одличните резултати, им посакав успех на идните натпреварувања и ја искажав мојата заложба за континуирана поддршка за сите спортисти и спортски клубови кои со своите успеси придонесуваат за личен развој и за афирмација на спортот во општина Неготино.