Ќе нема организиран дочек на Нова година, украсувањето на градот ќе биде скромно PDF Печати
   Поради актуелната пандемија со корона вирусот, но и поради присутната енергетска криза, како и во повеќето општини во државата, и во Неготино нема да има организиран дочек на Новата 2022 година на градскиот плоштад. Градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов смета дека масовните собирања и групирања во моменти кога корона вирусот и тоа како е присутен во општина Неготино не се воопшто потребни, бидејќи може да се влоши состојбата со корона вирусот и на тој начин да се зголеми бројот на заразените во нашата општина. Што се однесува до новогодишното украсување на градот, истото ќе биде со постоечките реквизити и декорации со кои општина Неготино располага од предходните години, а според градоначалникот Стојанов, ако има потреба ќе се издвои симболична сума за дополнителни украси, со единствена цел сите сограѓани од најмладите до највозрасните да можат да ја почуствуваат атмосферата на новогодишното празнување.