Општина Неготино ќе исплаќа 7.000 денари надомест за секое новородено дете PDF Print
There are no translations available.

   На предлог на градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов, врз основа на Законот за локална самоуправа и Стаутот на општината, советниците во Советот на општина Неготино на седницата одржана на 15.11.2021г. ја усвоија одлуката за исплаќање на еднократен паричен надоместок за секое новородено дете во општина Неготино. Со одлуката, општина Неготино на родителите кои живеат на територијата на општина Неготино ќе им исплаќа по 7.000 денари надоместок за секое новородено дете. Исплатата на овие средства ќе се врши со средства од Буџетот на општина Неготино за 2021 година како помош за новороденчиња. За начинот и динамиката на доделување на паричните средства за секое новородено дете, јавноста ќе биде дополнително и благовремено информирана.