ДОДЕЛЕНИ 21 РЕШЕНИЕ ЗА ТРАЈНО ВРАБОТУВАЊЕ НАСТАВНИЦИ PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков на 21 наставник и помошен кадар од двете основни и општинското средно училиште од градот им ги подели согласностите за вработување на неопределено време. Станува збор за наставници кои повеќе од 2 години работеле по договор на дело и кои на пригодната свеченост добија решенија за трајно вработување притоа не криејќи го сопственото задоволство од конечното решавање на нивниот егзистенцијален проблем. Градоначалникот Трајков на наставниците им посака во својот работен век на прво место да ги стават учениците и нивното образование. Инаку, доделувањето на согласностите се должи на измените и дополнувањата на Законот за работни односи со кои наместо дотогашните 5, решенијата за трајно вработување се доделуваат по 2 години непрекината работа во образовните установи.