ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 8-МИ НОЕМВРИ – ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА НЕГОТИНО PDF Печати

Поради присуството на пандемијата од Ковид-19 и почитувањето на пропишаните здравствени протоколи, годинава одбележувањето на празникот 8-ми ноември ќе биде со редуцирани содржини, со единствена цел за заштита на здравјето на нашите сограѓани. Свечените активности во понеделник, на самиот ден на одбележување на празникот, ќе започнат со положување на свежо цвеќе на спомен-бистите на паднатите борци од НОБ во паркот до зградата на општината од страна на повеќе делегации со почеток од 10 часот.