Познати добитниците на наградата и признанијата по повод празникот „8-ми ноември“ PDF Печати
  Советниците во Советот на општина Неготино на одржаната седница ги донесоа одлуките за доделување на наградата и признанијата по повод празникот „8-ми ноември“ – Денот на ослободување на Неготино. Наградата 8-ми ноември се доделува на Територијалната противпожарна единица Неготино за особени заслуги за заштита на цивилното население и општите добра во огромните пожари кои ја зафатија нашата држава. Признанието 8-ми ноември се доделува на Габриела Зафирова од областа на спортот, Горан Трајков од областа на културата, Блаже Лазов од областа на образованието, Стојче Наков од науката и Иле Ѓорѓиев од областа на рекреативниот спорт. Советот на општината донесе одлука за доделување посебно признание 8-ми ноември на ЈЗУ„Здравствен дом“ Неготино за справување со корона кризата на територијата на општината. Наградата и признанијата на добитниците ќе им ги врачи градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов на свечената седница на Советот на општината која ќе се одржи во понеделник на 8-ми ноември-Денот на општина Неготино.