Новоизбраниот градоначалник Горан Стојанов денеска ја презеде функцијата PDF Print
There are no translations available.

  По доделувањето на Уверението од страна на Општинската изборна комисија, денеска новоизбраниот градоначалник на општина Неготино Горан Стојанов по чинот на примопредавање и официјално ја презеде функцијата градоначалник на општина Неготино. Во своето обраќање Стојанов ја искажа својата подготвеност за целосно вложување во реализацијата на проектите од неговата Програма со која ја доби довербата на гласачите во првиот круг од изборите и истакна дека веќе од утре ќе започне со спроведување на проектите и активностите од програмата. Основна цел на моето и работењето на локалната самоуправа, рече Стојанов, ќе биде Неготино и населените места да ги направиме поубави и попристојни места за живеење за сите граѓани.