ОИК ги врачи уверенијата на градоначалникот Стојанов и на советниците PDF Print
There are no translations available.

  На пригодна свеченост што се одржа во салата за состаноци на локалната самоуправа, од страна на Општинската изборна комисија на новоизбраниот градоначалник Горан Стојанов од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кој победи во првиот круг со освоени 5.855 гласови или 51,94% од излезените избирачи му беше врачено уверението за избор за градоначалник. Во своето обраќање Стојанов се заблагодари на сите учесници во изборниот процес, а посебна благодарност упати до гласачите кои својот глас го дадоа за неговиот избор и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Уверенија им беа врачени и на 15-те новоизбрани советници во Советот на општина Неготино во кој ќе партиципираат 7 советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата врз основа на освоените 4.776 гласови за листата, СДСМ и коалицијата во општинскиот Совет ќе бидат претставувани од 7 советници со освоени 4.336 гласови за советничката листа и 1 советник има Левица со освоени 1.035 гласови за советничката листа. Мандатот на Градоначалникот Горан Стојанов и на советниците трае 4 години.