Неготино домаќин на Државното првенство во гол-бал за слепи лица PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков заедно со претседателот на Националната спортска федерација на слепи лица за отворено го прогласија Државното првенство во гол-бал за слепи лица кое од денеска до недела се одржува во СС Младост во нашиот град, а на сите учесници им посакаа фер и коректна игра со желби победата да ја однесат најдобрите. По одржаните квалификациски натпревари, на завршниот финален турнир во Неготино учествуваат 6 екипи од Прилеп, Тетово, Скопје, Кавадарци, Битола и Куманово, а според распоредот дневно ќе се одигруваат по максимум 5 натпревари со строго почитување на пропишаните здравствени протоколи за заштита од Ковид 19. Турнирот завршува во недела кога ќе бидат прогласени најдобрите екипи и ќе бидат доделени пехари и медалји за 3-те првопласирани екипи.