Презентација на можностите за производство на енергија од био маса PDF Печати
   Во организација на општина Неготино, Стопанската комора и Здружението Еко-вита се одржа презентација на можностите за производство на енергија преку искористување на земјоделски отпад, како на пример лозови прачки, гранки од праски, сливи и слично кои имаат висока калорична вредност од речиси 99 отсто, исто како и пелетите и брикетите. Идејата е преку нивно рециклирање да се дојде до искористување на земјоделскиот отпад преку 2 аспекта- енергијата која се губи во природата и заштита од заразни болести во лозарството преку собираање на заразени прачки кои потоа би се гореле. На тој начин, отпадот од виновата лоза и гранките од овошки, односно био маса, би се согорувал и претварал во топлинска енергија. За таа цел, беше претставен прото-тип на машина за рециклирање на отпадот кој би се собирал од земјоделските површини, истиот се складира во контејнери, се гори во индустриски печки и се добива топлинска енергија, а подоцна има можност и за електрична енергија. Свои излагања на презентацијата имаа експерти од оваа област, а со свои прашања и дискусии се вклучија и заинтересираните присутни на настанот.