Промовирана монографијата „Хумана мисија и активно стареење“ PDF Print
There are no translations available.

Во дворот на Општинската установа Музеј на град Неготино се одржа промоција на монографијата насловена како “Хумана мисија и активно стареење“ по повод 10 години Клуб на пензионери-хуманисти “Анри Динан“ од Неготино и по повод 20 септември - Денот на пензионерите.
Промоцијата започна со воведно излагање на Петар Стефанов во кое што го раскажа целиот пат и настани од основањето на клубот па се до денес. Почетоците се од 2010 година како предизвик од зголемувањето на бројот на волонтерите и јакнење на волонтерскиот капацитет, како движечка сила за имплементација на активностите насочени кон подобрување на животот на ранливите целни групи од заедницата. За таа цел Општинската организација на Црвениот крст, вклучувајќи се во Програмата за интензивна надградба на капацитети (ИНК) на Црвениот крст, својата активност ја насочи кон вклучување на волонтери од трето доба бидејќи тие со своето работно и животно искуство, желбата за волонтирање, хуманите капацитети и активирањето на разните видови хуманитарни ангажмани ќе придонесат за квалитетно и квантитативно јакнење на човечките ресурси во Црвениот крст. Идејата беше предочена во проект, изготвен од Александар Гичовски, професор по македонски јазик во СОУ “Св.Кирил и Методиј“ од Неготино, кој беше и усвоен од Црвениот крст на Македонија, поддржан и поткрепен со финансиска помош од 70.000, денари. Веднаш по усвојувањето на проектот, Извршниот одбор на Општинската организација на Црвен крст-Неготино определи лица за координација и комуникација во подготвителната фаза од реализацијата на проектот. За пензионерите е определен Петар Стефанов-член на Извршниот одбор, за младите-Александар Гичовски, а за комуникација со институции и фирми и за буџет-Блаже Настов-Секретар на Општинската организација на Црвен крст-Неготино.