Се започна со наплата за користење паркинг простор PDF Печати
По 7-месечни интензивни активности пред извесно време официјално со работа започна ЈП Паркинзи Неготино, а од вчерашниот ден се започна и со наплата за користење паркинг простор.
Со овој проект се решава деценискиот проблем со паркирањето во градот и се создаваат услови за побезбеден сообраќај.
Изминатиот период на повеќе локации во Неготино се делеа информативни флаери во кои беа содржани основните информации за функционирањето на ЈП Паркинзи, погодностите за граѓаните, фирмите и вработените во нив во делот на користењето и наплатата на паркинг просторот.
Заклучно од вчера (1 септември) наплатата се одвива со СМС пораки и пакети кои можат да се најдат во дел од малопродажната мрежа и во седиштето на претпријатието.
Сите заинтересирани граѓани поблиски информации можат да добијат во седиштето на ЈП Паркинзи во малата сала на СРЦ Младост во Неготино.