Драги ученици, среќен почеток на новата учебна година PDF Печати
Во согласност со насоките од Министерството за образование и наука и препораките од Комисијата за заразни болести, општинските основни училишта и средното училиште на територијата на Општина Неготино официјално започнаа со настава со физичко присуство за сите ученици по една година пауза поради пандемијата.
На сите ученици кои денеска тргнаа на училиште им посакувам успешна и безбедна учебна 2021/2022 година со желби почетокот да биде пријатен за сите вас и со стекнување на нови знаења и нови искуства успешно да ја проследите целата учебна година..
Најсрдечни честитки упатувам до 194-те првачиња во двете централни основни училишта во градот и во подрачните училишта во населените места во општината и им посакувам брзо и успешно прилагодување на новата средина и стекнување на знаења со помош на нивните наставници.
Со цел за зачувување на здравјето на вклучените во воспитно-образовниот процес, упатувам јавен апел до сите ученици, родители и наставници за строго придржување до пропишаните протоколи-задолжително носење маски, мерење температура при влезот во училиштата, дезинфекција на рацете, држење дистанца.