Во тек е изградба на кружен тек на улица „ Маршал Тито “ на спојот со улица Индустриска и улица „ Баба Ана Ташева “ PDF Print
There are no translations available.

Во тек е изградба на кружен тек на улица „ Маршал Тито “ на спојот со улица Индустриска и улица „ Баба Ана Ташева “. Радиусот на кружниот тек ќе биде 10 метри, а двете коловозни ленти се со ширина од 5,5 метри.
Изведувач на градежните активности е фирмата „ Градба Промет ДОО “ Кавадарци, а надзор е фирмата „ Павер Трејд “ Кавадарци.
 Вкупната вредност на проектот изнесува 7.775.839 денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино.
 Во текот на изградбата на кружниот тек, сообраќајот ќе се одвива согласно времениот сообраќаен проект.