Реконструкција на 9 улици во град Неготино PDF Print
There are no translations available.

   На ден 16.08.2021 година градоначалникот Тони Делков заедно со претставници на проектната единица на Министерство за финансии на Република Северна Македонија, претставници на фирмата изведувач Ленди Груп од Скопје и надзорот Павер Трејд ДООЕЛ Кавадарци извршија вовед во работа во рамки на проектот „ Реконструкција на 9 улици во град Неготино “ .
Проектот опфаќа реконструкција на улиците „ Вељко Влаховиќ “, „ Енгелсова “, „ Пиринска “, „ Првомајска “, „ Тиквешка “, „ Вардарска“ , „ Ѓоко Мишев “, „ Вано Ташев “ и дел од улица „ Марксова.
Вредноста на проектот изнесува 13.688.779 денари - проект финансиран со под заем преку проектната единица на Министерство за финансии на Република Северна Македонија во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги ( втор МСИП) поддржан од Меѓународната банка за обова и развој Светска банка.
Според информациите на надлежните се очекува реконструкцијата на улиците да започне во најкраток можен рок.