Преку програмата ИПА-СБС на Република Грција и Република Северна Македонија, во општина Неготино ќе се реализира проектот „ Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој “ со Aкроним „ wine-up “. Проектот опфаќа неколку активности: - Комуникација, промоција и запознавање на јавноста со проектот; - Поддршка на вработување во туризмот; - Организирање на винска тура; - Организирање на „ Свети Трифун “; Главна инфраструктурна проектна активност е подобрување на активностите за развој на туризмот преку реализација на проектот „ Уредување на околината на „ Саат Кулата “ во Неготино. Со овој проект ќе биде уредена површина од 2517 м2. Притоа ќе биде уреден паркот околу „ Саат Кулата “, ќе биде уредено детско игралиште со детски реквизити. По целата должина на опфатот се предвидува хортикултурно уредување, пешачки патеки, поставување на урбана опрема на целата површина како и паркинг простор. Вкупната вредност на проектот изнесува 189.802 евра, а истиот се рализира во партнрство со општина Пела, Р.Грција.
|