Саат кулата во Неготино добива парк, пешачки патеки, паркинг простор, урбана опрема по целиот простор, детско игралиште и детски реквизити PDF Print
There are no translations available.

Преку програмата ИПА-СБС на Република Грција  и Република Северна Македонија, во општина Неготино ќе се реализира проектот „ Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој “ со Aкроним „ wine-up “.
Проектот опфаќа неколку активности:
- Комуникација, промоција и запознавање на јавноста со проектот;
- Поддршка на вработување во туризмот;
- Организирање на винска тура;
- Организирање на „ Свети Трифун “;
Главна инфраструктурна проектна активност е подобрување на активностите за развој на туризмот преку реализација на проектот „ Уредување на околината на „ Саат Кулата “ во Неготино.
Со овој проект ќе биде уредена површина од 2517 м2. Притоа ќе биде уреден паркот околу „ Саат Кулата “, ќе биде уредено детско игралиште со детски реквизити.
По целата должина на опфатот се предвидува хортикултурно уредување, пешачки патеки, поставување на урбана опрема на целата површина како и паркинг простор.
Вкупната вредност на проектот изнесува 189.802 евра, а истиот се рализира во партнрство со општина Пела, Р.Грција.