Честит Илинден ! PDF Print
There are no translations available.

Илинден нè потсетува дека само со заедништво и единство може да се оди напред. Илинденците се изборија за создавањето на македонската држава.
Денеска, кога со сета почит и достојно ги празнуваме двата Илиндена од 1903 со Илинденското востание и Крушевската Република и од 1944 со АСНОМ, оддаваме неизмерна почит и сеќавање на храброста и визијата на личностите и нивните подвизи со кои се поставија столбовите на Републиката и на државноста.
Ние, новите генерации сме должни да ги продолжиме идеалите за слободно општество и подобар живот на сите граѓани.
Честит Илинден!
Нека ни е честит и вековит Илинден!
Нека е вечен споменот на двата Илиндена!
Нека е честит и вековит Денот на Републиката!