СВЕЧЕНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати

  Традиционално како и секоја, така и оваа година по повод Денот на ослободувањето на Неготино 8-ми Ноември – празникот на општина Неготино, во кино салата на Центарот за култура ,, Ацо Ѓорчев ,, се одржа свечена седница на Советот на општина Неготино. Седницата ја отвори и ја водеше претседателот на Советот Сашо Николов, а пригодно обраќање пред присутните имаше градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков. Присутните на седницата имаа можност преку подготвен аудио – видео материјал да се запознаат со најголем дел од реализираните проекти и активности во изминатиот едногодишен период, по што беа доделени осмоноемвриските награди и признанија, како и признанието почесен граѓанин на Неготино. Во културно – забавниот дел свој настап со прекрасни изведби и интерпретации имаа членовите на групата Монистра.