ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА УРБАНИОТ КОМПЛЕКС ,, АНТОН ПЕГАН ,, PDF Печати

   По двегодишно финансирање на проектот и изведување на градежни работи, заокружен е и ставен во функција урбаниот комплекс на улицата Антон Пеган со што на граѓаните кои овде имаат изградено или се со намера да градат станбени или стопански објекти, им се обезбедени сите неопходни услови за вселување или започнување со работа. Лани на овој простор се изврши тампонирање на дел од улиците, беа поставени бетонски рабници, по што се изврши асфалтирање за што од Буџетот беа издвоени 5 милиони денари.Исто толку средства се реализирани и оваа година за уредување на простор од 2.200 м2 при што пробиена е обиколницата со инсталирање на водоводна, канализациона и технолошка мрежа, поставена е атмосферска канализација, сето заокружено со асфалтирање на улиците во населбата. Во завршна фаза се и работите околу изградбата на мостот на Тимјаничка река за што од општинскиот Буџет се реализирани средства од 4 милиони денари, или севкупно за уредувањето на овој урбан комплекс од Буџетот на општина Неготино потрошени се 14 милиони денари.