Доделени договорите на првите 23 општини од ТАВ Програмата PDF Печати

Чест и задоволство ми е што општина Неготино е во првите 23 општини за реализација на проекти за граѓаните во рамки на ТАВ Програмата.  Средствата од Програмата како општина ќе ги намениме за изградба на 2️⃣ улици во населено место Тимјаник.
Упатувам огромна благодарност до Владата која продолжува континуирано да вложува во рамномерен регионален развој и јакнење на инфраструктурата на општинско ниво. Наскоро договор и за населено место Тремник за изградба на потисен цевковод и резервоар.