Министерот Бочварски во Неготино PDF Печати

Денес на  работна средба во општина Неготино беше министерот за транспорт и врски г. Благој Бочварски.  Заедно извршивме увид во градежните работи кои се во финална фаза, за изградба на првата социјална зграда во нашата општина.  Исто така извршивме увид во градежнкте работи кои се однесуваат за реконструкција на улиците "Антигона", "Едвард Кардељ" и дел од улица "Димче Мирчев".  Продолжуваме да ја подобруваме инфраструктурата во нашата општина.