Министерката Шахпаска во посета на ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ PDF Печати

Денес заедно со директорката на ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ Јана Коцева и Претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов остваривме работна средба со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. На средбата разговаравме за последните подготовки на новата детска градинка која ќе згрижи нови 169 дечиња кои долго време се на листа на чекање.  Во следните два месеци ќе се работи на внатрешното уредување на градинката и очекувам истата да биде пуштена во употреба најдоцна до месец август.