ПУШТЕНО ВО УПОТРЕБА НОВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ PDF Печати

   На пригодна свеченост, а во рамките на одбележувањето на празникот на општина Неготино – 8-ми Ноември, во употреба беше пуштено новоизграденото детско игралиште лоцирано на потегот помеѓу улиците Фемо Кулаков и Марксова. Вредноста на изведените работи и набавените реквизити изнесува над 2 милиони денари, а работите ги изведе ГП Градба промет. Во негов состав  има игралиште за кошарка, игралиште за мали деца и песочник, поставена е соодветна урбана опрема, корпи за отпадоци и клупи за седење, на пешаките патеки поставени се бехатон коцки, а се предвидува целата околина да биде засадена со трева, садници од липа и див костен. Со изградбата на овој објект општина Неготино продолжува со континуирано спроведување проекти преку чија реализација на младите генерации, и не само нив, им се овозможуваат услови за правилен психофизички развој преку создавање можности за спортување и рекреирање.