Одржана средба помеѓу претставници на општина Неготино и Здружение на граѓани „ ЕКОВИТА “ Неготино PDF Print
There are no translations available.

   На заедничка иницијатива заедно со претседателот на Советот на општина Неготино, вчера , градоначалникот Тони Делков одржаа состанок со претставници на Здружението на граѓани „ Ековита “ Неготино.
На состанокот се разговараше околу најавената инвестиција за изградба на фабрика за производство на енергија, со согорување на комунален отпад на кој се донесоа следните заеднички заклучоци:
-    Постои недоволна информираност околу самата инвестиција;
-     Општина Неготино и Здружението на граѓани „ ЕКОВИТА “ имаат заеднички став дека се ЗА економски развој на општината, но со влез на нови незагадувачки технологии, развој на индустријата во градот, меѓутоа на еднакво рамниште се поставува и приоритетот ЗА максимално зачувување на животната средина и почитување на Конвенциите и Директивите прифатени во Република Северна Македонија и Европската Унија;
-    Потребно е да се оствари средба помеѓу сите заинтересирани и вклучени страни во реализацијата на инвестицијата;
На иницијатива на општина Неготино ќе се одржи нова средба на која ќе бидат присутни : претставници на предлагачот на Законот за стратешки инвестиции / Влада на РСМ, претставници од МЖСПП, потенцијалниот инвеститор , градоначалникот на општина Неготино , членовите на Совет на општина Неготино, пратениците од општина Неготино во Собранието на Република Северна Македонија , претставници од граѓанскиот сектор и ЗГ „ ЕКОВИТА “ од Неготино.
Од страна на ЗГ „ ЕКОВИТА  “ беше нагласено дека Законот за стратешки инвестиции е со недостаток (фаличен ) , бидејќи не ја почитува Архувската конвенција, односно не ги информира и вклучува граѓаните во донесувањето на одлуки од локалната заедница.
Се презентираа резултатите од спроведената анкета каде граѓаните повторно кажаа НЕ за загадувачки индустрии и депонија во Неготино и тоа мора да се почитува. На предложената средба ќе се разговара дали ни е потребно да се реализира оваа инвестиција и согледување на сите можни позитивни и негативни ефекти врз лозарството кои би произлегле од неа.
Општина Неготино во овој процес има заеднички партнерски однос со ЗГ „ ЕКОВИТА “ од Неготино, и се обврзува дека ќе ги почитува заклучоците се со цел зачувување и подобрување на животната средина во нашата општина.