Се поставува хоризонтална сигнализација и се одбележуваат паркинг-местата PDF Печати
  Општина Неготино започна со активност за поставување на хоризонтална сигнализација и одбележување на паркинг-местата во најфреквентните делови од градот. Хоризонтална сигнализација се поставува на улиците Маршал Тито, Партизанска и Ленинова, во централното градско подрачје, пред училиштата и градинките и на други локации. Исто така, се врши и одбележување на паркинг-местата. Се апелира до граѓаните да ја почитуваат поставената сообраќајна согнализација, да возат внимателно, а се препорачува и да се тргнат паркираните возила на улиците и локациите каде што се изведуваат активности.