Увид на бројни проекти реализирани во Централното училиште „ Гоце Делчев “ во Неготино PDF Print
There are no translations available.

 Градоначалникот Тони Делков денес заедно со амбасадорката Рејчел Галовеј, министерката за образование и наука Мила Царовска, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, директорот на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „ Чекор по чекор “ Сузана Киранџиска и директорот на училиштето Петар Мантев  го посетија ООУ „ Гоце Делчев “ и направија увид на бројните проекти кои се реализирани во ова училиште.
ООУ „ Гоце Делчев “ во рамки на Проектот „ Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран “ аплицираше за изградба на игралиште за ученици со попреченост кои следат настава во ова училиште, каде општината беше вклучена со покривање на дел од трошоците за градежни активности во наменското игралиште.
Имено станува збор за проект чија цел е подобрување на можностите за образование на децата со попреченост и придонесува кон развитокот на инклузивен систем на основно образование. Со реализација на овој проект ќе се подобрат условите за следење на наставата како и ќе се овозможи подобрена пристапност до и во училиштето.
Беше презентирана и новата спортска подлога поставена на теренот за кошарка, како и бројните проекти спроведени во училиштето.